Добредојдовте на порталот
посветен на младите таленти

Проектот "Млади таленти" е развиен со цел планско и
организирано собирање податоци за нашите млади таленти.

За проектот

Апликацијата "Млади таленти" е уникатна и прва од ваков вид во државата, развиена со цел планско и организирано собирање податоци за нашите млади таленти. Проектот е изработен од страна на Факултетот за информатика при УГД. Софтверот е достапен за користење од сите средни училишта во Македонија, со цел да им овозможиме едноставно и брзо пријавување на талентирани ученици, кои покажале афинитет и успех во различни области на делување.

Креираната база на податоци понатаму, универзитетот ќе ја стави во употреба за унапредување на талентот, знаењето и вештините на нашите талентирани среднишколци. Поддршката која ја планираме ќе биде во повеќе форми, меѓу кои ќе ги ставиме на располагање и нашите материјални ресурси, како и знаењето на професорите од многу различни области за соработка со талентираните средношколци.

УГД, како еден од лидерите во дејноста на високото образование кај нас, има за цел да делува во насока на создавање квалитетни кадри и вредност на општеството. Во оваа насока, во континуитет ја ползуваме и технологијата, како за олеснување на процесите, така и за забрзување на промените во нашето работење.
Сметаме дека младите луѓе треба да бидат во центарот на вниманието и во нив да вложуваме максимално, за да ги создадеме идните градители на нашето општество.

Ви претставуваме

Дел од нашите таленти

Иво Петровски

Училиште: ОУ "Димитар Миладинов"

Општина: Битола

Достигнувања:

1 место на државниот натпревар по Биологија

1 место на регионалниот натпревар по Хемија

Иво Петровски

Училиште: ОУ "Димитар Миладинов"

Општина: Битола

Достигнувања:

1 место на државниот натпревар по Биологија

1 место на регионалниот натпревар по Хемија